Бугарија бара заем од пет милијарди евра поради економските последици од коронавирусот – ММС
ММС

Објавено на: 04/3/20 9:29 AM

 Бугарија бара заем од пет милијарди евра поради економските последици од коронавирусот

Бугарската Влада одлучи да позајми десет милијарди лева (пет милијарди евра) под услов Парламентот да го разгледа буџетот, пренесува Анадолија (АА).

Министерот за финансии, Владислав Горанов, на прес-конференцијата по седницата на Владата рече: „Ако кризата во врска со појавата на Ковид-19 трае повеќе од 3 месеци, бугарската економија ќе може да закрепне до крајот на 2021 година.“

Горанов истакна дека земјата ќе позајми 7,8 милијарди лева со државна обврзница што ќе ја издаде Потсекретаријатот за финансии, а исто така ќе земе заем од 2,2 милијарди лева (1,1 милијарди евра) предвиден во буџетот на земјата за 2020 година.

Тој рече дека потребните измени за ова ќе бидат направени на вонредната седница на Парламентот, што ќе се одржи до крајот на неделава.

Потсетувајќи дека било планирано буџетскиот дефицит во земјата да остане на ниво на нула во 2020 година, Горанов рече дека во услови предизвикани од епидемијата на Ковид-19 буџетскиот дефицит се очекува да надмине 3,5 милијарди лева (1,75 милијарди евра).

Министерството за финансии соопшти дека за време на вонредната состојба прогласена на 13 март поради епидемијата на коронавирусот загубата на државата според проценката, ќе достигне до 1,25 милијарди евра и дека секој ден во просек околу 1.300 лица остануваат без работа.

Бугарија, која има помалку од 7 милиони жители, и е најсиромашната членка на Европската Унија.