Двајца лекари од Италија што работат во болницата во Пугла, наместо на венчавка, само во заштитна опрема се бакнаа во болниата и ја одложија планираната венчавка на неопределено време.
Доменико и Силвија се заедно веќе десет години, но ќе почекаат уште малку до ставањето на венчалните прстени зашто сега работат деноноќно поради полната болница заболени од коронавирус, пишува „Ла Република“.
„Ние можеме да почекаме, но не и болните. Не’ држи надежта дека ќе го победиме овој невидлив непријател“, велат двајцата лекари.


