Брз како Формула1- Берни ќе стане татко на 89 години – ММС
ММС

Објавено на: 04/2/20 9:33 PM

Брз како Формула1- Берни ќе стане татко на 89 години

Поранешниот газда на Формула 1, Берни Еклстон ( 89) години ќе го добие четвртото дете, кое му е прво со 45 години помладата Фабијана Флоси и е прв син по трите ќерки, кој ќе се роди во јули.

„Точно е, летото ќе добијам син. Се надевам дека брзо ќе научи да игра табла“, потврди Еклстон за „Блик“

Големиот бизнисмен кој најголемата слава ја стекна како газда на Формула 1, има три ќерки од кои најстарата Дебора има 65, која е од првата сопруга Ајви Бамфорд. Со втората жена, Србинката Славица Радиќ ги има ќерките Тамара (35) и Петра (31). Со сегашната жена, 44-годишната Фабијана Флоси е од 2012.

Берни рвпат се венчаше во 1952 година и тоа со Ајви Бамфорд,  во 1985 се венчаше со Славица а се разведоа по 11 години.

Фото: Инстаграм