Зошто Кина од кризата побрзо ќе закрепне од другите земји? – ММС
ММС

Објавено на: 04/2/20 3:39 PM

Зошто Кина од кризата побрзо ќе закрепне од другите земји?

Во потрага по најпогодни пазари, инвестициските фондови повторно се вртат кон Кина, која прва излегува од кризата со пандемијата.

Како бројот на заразени случаи паѓа, така и кинеската економија покажува знаци на закрепнување, а тоа привлекува зголемено внимание од странските инвестициски фондови.

Според CNBC, американскиот Pinebridge Investments, кој располага со капитал од 101 милијарди американски долари, се одлучил посилно да се сврти кон кинескиот пазар.

„Како резултат на COVID-19, западниот пазар е во голем пад, додека во Кина голем број компании покажуваат знаци на закрепнување“, истакнува извршниот директор, Мајкл Кели од Pinebridge.

,,Април ќе донесе нов пораст на кинескиот пазар, додека западот ќе започне да тоне.”

UBS Asset Management има подеднакво мислење и многу инвестира на кинескиот пазар на капитал, во кој се вели дека потрошувачката на јаглен и продажбата на недвижнини во Кина веќе сега се на 90 проценти од нивото од пред кризата, додека и работната активност е се поголема. Тој истакнува дека кинескиот пазар на капитал е главно поврзан со технологија, а тој сектор е помалку ранлив од тековната криза.

Goldman Sachs се осврнува на зборовите на кинескиот претседател, кој пушти силни позитивни сигнали, а за кинески мерки ги оценува како стимулирање на домашната потрошувачка, стабилизирање на вработеноста, трговијата и финансискиот пазар. Најголем пазар во Кина стана самата Кина. Како прилика за инвестиција ги гледаат инфраструктурните проекти, првенствено поврзани со развој и инсталација на 5G мрежи.

Во Nomura веруваат дека кинескиот јуан ќе стане можеби и најважната резервна валута. Bank of China изнесе план за создавање на своја дигитална валута, како прва централна банка која ќе се одлучи на тој потег.

Но, за да не биде се прекрасно, аналитичарите и понатаму го истакнуваат кинескиот пад на извозот поради кризата на глобалните пазари, и геополитичката криза во односите САД и Кина.

Извор: denar.mk