Парична казна за штипјанец кој наместо во самоизолација отишол на гости – ММС
ММС

Објавено на: 04/2/20 1:57 PM

Парична казна за штипјанец кој наместо во самоизолација отишол на гости

Со Предлог за издавање казнен налог поднесен до Основниот суд Штип, Основното јавно обвинителство во Штип побара изрекување парична казна за едно лице кое го сторило кривичното дело – Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетиот не ги почитувал мерките и препораките на надлежните институции кои се однесуваат на спречување или сузбивање на натамошното ширење на заразната болест предизвикана од коронавирусот. Откако му бил земен брис за утврдување на присуство на COVID – 19, обвинетиот бил предупреден дека треба да продолжи да ја извршува должноста за самоизолација се до добивање на резултатите од тестот. Но, обвинетиот го напуштил домот и отишол на посета кај друг штипјанец.

Обвинителството му предложи на судот да изрече парична казна во висина од 100 дневни глоби, при што вредноста на една дневна глоба да биде определена на 20 евра во денарска противвредност.​