Новите модели „пежо 208“ и „ сув пежо 2008“ добитници на “Ред Дот“ признанието за дизајн-лавовскиот бренд победи меѓу 6.500 производи – ММС
ММС

Објавено на: 04/2/20 1:33 PM

Новите модели „пежо 208“ и „ сув пежо 2008“ добитници на “Ред Дот“ признанието за дизајн-лавовскиот бренд победи меѓу 6.500 производи

Новиот компактен „пежо 208“ и новиот „сув пежо 2008“ се добитници на престижното “Ред Дот” признание во категоријата „Дизајн на производ“.Признанието го добија пред три дена во Риселхајм.  Двата модели на пежо ја импресионираа интернационалната жири комисија со својот спортски надворешен дизајн и извонредната изработка. Францускиот производител, по шести пат е добитник на ова престижно признание.

Хаико ван дер Луит, Извршен директор на Пежо- Германија изјави:

„Ние сме горди што сме добитници на посакуваното “Ред Дот” признание за дизајн во категоријата „Дизајн на производ“ и тоа за два од нашите модели. Ова нам ни покажува дека во вистинска насока го развиваме ДНК кодот на нашиот бренд“, изјави директорот.

„пежо 208“

Со својот впечатлив надворешен дизајн, двата модели ја рефлектираат стратегијата на репозиционирање на брендот неколку скалила погоре.  Жирито беше фасцинирано од вертикалните предни ЛЕД светла во форма на лавовски заби, задните стоп ЛЕД светла во форма на лавовски канџи, многуте фини детали кај надворешниот и внатрешниот дизајн, револуционерниот  3D i-Cockpit, компактниот спортски управувач со намалени димензии, 10 инчниот мултифункционален екран на допир и високото ниво на препознатливост на брендот.

Сто процентните  електричните верзии на новиот пежо 208 и пежо 2008 се достапни и од аспект на дизајнот, овие верзии суптилно се разликуваат од верзиите со мотор на внатрешно согорување преку: бојата на предната решетка која е во истата боја на каросеријата на возилото, како и преку амблемот лав кој ја менува својата боја во зависност од позицијата од која го набљудувате.

“Ред Дот” признанието, пак, се доделува над  60 години во повеќе категории: „Дизајн на производ“, „Комуникација“, „Дизајн на концепт“. Еднаш годишно производите, комуникациските проекти, концепт дизајните и прототипите кои аплицирале за ова престижно признание. Оценувани се од страна на Интернационална жири комисија составена од професионалци од различни области.

Новиот „сув пежо 2008“

Како високо позициониран автомобилски бренд и лидер во мобилноста од сите области на транспортот, „Пежо“ обезбедува најсовремени технологии и решенија, дизајнирани во целост да го задоволат современиот начин на живот. Целиот асортиман на лавовскиот бренд, вклучува гама на патички и лесни комерцијални возила, камперски комбиња и скутери, како и услуги за најмување возила. „Пежо“ брендот е присутен во 160 земји во светот и се залага за е- мобилност и успешна симбиоза на еко-ефикасност и емоции.