БиХ: Помош и почит и за последните живи партизани од НОВ – ММС
ММС

Објавено на: 04/2/20 11:53 AM

БиХ: Помош и почит и за последните живи партизани од НОВ

Активисти на волонтерскиот сервис на Кантоналниот штаб за цивилна заштита на Горажде, ги посетија и им дадоа пакети прехранбени и хигиенски производи во овие сложени времиња на најстарите членови на Здружението на антифашисти и борци од НОВ во Горажде, последните живи партизани-учесници во Втората светска војна.

Вредните активисти биле кај Мехо Кујевиќ во селото Месиќи кај Рогатица и кај Рамиз Гецо, кој е штитеник во Домот за стари и изнемоштени лица во Горажде, пишува „Аваз“.