На состанокот на Кризниот штаб на Гостивар, кој во тек, директорот на гостиварската болница соопшти дека маж и жена, брачна двојка од Струмичко, кои биле сместени во државен карантин во Маврово се пренесени во болницата. Мажот се пожалил на симптоми на корона вирусот, поради што, заедно со сопругата се хоспитализирани во болницата „д-р Ферид Мурат“. Жената нема симптоми.И двајцата се тестирани.
Повеќе детали се очекуваат во текот на денот.
Во Гостивар се земени девет тестови, сите се негативни, додека тестот на единствениот заболен од Ковид 19 во Гостивар е негативен, по што се оценува дека е излечен.