Трамвајот во Бејоглу, еден од симболите на Истанбул, остана без патници – ММС
ММС

Објавено на: 04/2/20 10:39 AM

Трамвајот во Бејоглу, еден од симболите на Истанбул, остана без патници

Носталгичниот трамвај во Бејоглу, кој е еден од симболите на Истанбул, остана празен бидејќи граѓаните ги почитуваат мерките за неизлегување од дома, јавува агенцијата Анадолија.

Повиците упатени до граѓаните да избегнуваат излегување на улиците како дел од мерките преземени против коронавирусот, се спроведуваат во историските делови на Истанбул како што се населбите Бешикташ и Бејоглу.

Плоштадот „Таксим“ и улицата „Истиклал“, кои се популарни кај локалните и странските туристи, вообичаено се преполни и во текот на работната недела и за време на викендите. Но, поради епидемијата на коронавирусот, тие останаа празни.

Покрај големиот број работни простории на улицата кои останаа затворени, и носталгичниот трамвај, еден од симболите на Бејоглу, остана празен.

Носталгичниот трамвај, без оглед на тоа што е без патници, продолжува да се движи, а на плоштадот може да се забележат полицајци на коњи, медицински екипи и персоналот за одржување на хигиената на плоштадот.