Некст Тајм порачуваат: „Што и да е, ќе помине“ – ММС
ММС

Објавено на: 04/2/20 9:32 AM

Некст Тајм порачуваат: „Што и да е, ќе помине“

Дел од македонските јавни личности во услови на корона, наоѓаат начини како да допрат до оние кои ги следат на социјалните мрежи, за да мотивираат, инспирираат, а со тоа и да внесат малку мир во овие бурни времиња.

Едни од нив се Стефан и Мартин од Некст Тајм, кои со „Што и да е ќе помине“, оригинално изведена од Владо Јаневски, даваат музичка поддршка за оние кои се борат со корона вирусот, семејствата на жртвите, но и сите оние кои во моментов се загрижени за ситуацијата која ја живееме глобално.

„Останете дома, од нас зависи, да го победиме што е можно побрзо Корона вирусот .
Додека не го победиме се надеваме дека на овој начин ќе ви го свртиме малку вниманието кон музиката и позитивните работи што овој свет ги поседува.“ – напишаа Стефан и Мартин на социјалните мрежи.

https://www.facebook.com/nexttimeband/videos/842537739582316/