Милован Милутиновиќ од Ужице, Србија, во февруари тргна пеш од Ужице за Москва со цел на 9 мај, Денот на победата над фашизмот, да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин и да му подари матарка полна со ужичка ракија.
„По долгиот исцрпувачки пат, се чувствувам одлично и физички и психички. Единствена помош на долгиот пат ми беше картата на Европа. Малку се исплашив од пандемијата на коронавирусот. Но, ниту јас ги избегнував луѓето по пат, а ниту тие мене. Стигнав порано од планираното во Москва, па се надевам дека ќе договорам средба со Путин на 9 Мај.
Со него, како што пишуваат српски медиуми, во контакт била српската амбасада во Москва и амбасадорот Мирослав Лазански.


