Србин стигна пеш од Ужице во Москва за на Путин да му подари матарка со ужичка ракија – ММС
ММС

Објавено на: 04/2/20 8:53 AM

Србин стигна пеш од Ужице во Москва за на Путин да му подари матарка со ужичка ракија

Милован Милутиновиќ од Ужице, Србија, во февруари тргна пеш од Ужице за Москва со цел на 9 мај, Денот на победата над фашизмот, да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин и да му подари матарка полна со ужичка ракија.

„По долгиот исцрпувачки пат, се чувствувам одлично и физички и психички. Единствена помош на долгиот пат ми беше картата на Европа. Малку се исплашив од пандемијата на коронавирусот. Но, ниту јас ги избегнував луѓето по пат, а ниту тие мене. Стигнав порано од планираното во Москва, па се надевам дека ќе договорам средба со Путин на 9 Мај.

Со него, како што пишуваат српски медиуми, во контакт била српската амбасада во Москва и амбасадорот Мирослав Лазански.