Тие што во Франција ја кршат мерката за изолација поради коронавирусот, наместо да плаќаат казни и да одат в затвор, треба да бидат испратени на „општествено корисна работа” во болниците кога ќе заврши епидемијата, побара парискиот државен обвинител Реми Ејц.
Ејц, кој е и национален јавен обвинител за борбата против тероризмот, оцени дека ваквите „искуствени казни“ би биле многу поучни и покорисни, особено за младите кои ја кршат изолацијата, наместо паричните казни до 3.750 евра или затвор до шест месеци, во случај повторно да ја прекршат судски одредената мерка на изолација.
Со Франција до вчера од коронавирус без заразени 57.000 жители, а бројот на починатите е 4.000, со што по смртноста во Европа е веднаш зад Италија и Шпанија.


