Бројот на заболените од Ковид-19 во светот вчера надмина 900.000, а денеска се предвидува да достигне и до еден милион. Според податоците некаде до синоќа на полноќ, бројот на инфицираните достигнал околу 930.000, излекувани се 200.000, а починале околу 46.000.
Најмногу заразени има во САД, околу 210.000, од кои околу 4.700 починале. Следува Италија со 110.000 заболени (13.000 починати), па Шпанија – 102.000 заразени и 9.000 починати, Кина – 81.500 заразени и 3.200 починати, Германија – 78.000 заразени и 900 починати, Франција – 57.000 заразени и 4.000 починати, Иран – 48.000 заразени и 3.000 починати…
Зголемувања на бројките има и во балканските земји. Во Србија бројот на заболени вчера ја надмина бројката од илјада, од кои починале 28. Хрватска и Словенија имаат малку под илјада заразени, Албанија – 259, Црна Гора – 123. Во Грција бројот на заболени е 1.420, а починати се 50, а во Турција заразени се речиси 16.000 луѓе, а починати 277.


