Пред две недели се роди Фаолин, по галски „мал волк“, роден во Дрогеда во Ирска. Неколку дена подоцна дојде неговиот дедо за да го види – но низ прозорецот. Дедото остана 10 минути, гледајќи во своето прво внуче во рацетето на среќниот татко. Ема, мајката на бебето Фаолин напиша: „Три генерации со социјална дистанца, додека мојот татко за прв пат го гледа својот прв внук“.
Оваа фотографија за кратко време ја лајкнаа 730.000 луѓе. Но, за семејството ова е тешко време. Најблиските луѓе толку желни да го гушнат својот внук, а сепак, разделени со стакло и неопходната самоизолација од корона, ја остави желбата неостварена. До некои подобри времиња, без корона.