„Карантинот за повеќето од нас е една сосема нова, чудна, збунувачка и крајно фрустрирачка ситуација. Бидејќи не натера да се затвориме во домот, сами или во кругот на најблиските, го ограничи нашето движење, нашата социјалната активност, нашите лични слободи и права. Но истиот има и свои убави и добри страни. Колку пати заради работните об ООва го вели актерот Васил Зафирчев, кој во овој период на самоизолација ужива дома до миленичката Бејби.
-Порадади обврски и професионалните ангажмани сте си рекле дека за нешто немате време. Е, еве сега го имате. И тоа 24 часа на ден. И треба да го искористите активно и креативно, паметно и мудро. Јас времето го минувам во мојот дом во Велес, сам, во друштво на шицуто Беба, вели Васил и додава:
„ Покрај секојдневната јога и медитација, се предадов на книгите и филмот, на пролетното чистење на домот, на духот и на телото. Готвам, испробувам нови рецепти, се бавам со хортикултура. Учам, се надградувам, визуализирам, откривам нови креативни вештини и создавам нови творечки провокации, додава актерот.
Васил со миленичката Бејби
Тој не е од оние кому состојбата со Корона ворусот го тера да се плаши и за себе и за иднината.
-Не се фокусирам на проблемот и стравот од него, туку само на позитивната мисла, на внатрешниот мир и оптимизмот. Сето ова е само уште еден животен предизвик кој може да не направи посилни и подобри, и за себе и за другите. Лесно е и поподносливо кога човек е во друштво на најблиските и има можност со нив да споделува се. Но една од најголемите придобивки, а воедно и еден од најтешките животни предизвици е како човек да научи и сам да биде во мир и хармонија со себе си, вели Васил.
Тој ги советува сите дека доколку се сами, треба да се препуштат на мирот и тишината на домот.
-Нурнете во себе, погледнете се одвнатре. Медитирајте. Направете го тоа за првпат во животот. Стапете во контакт со вашето повисоко јас. Она на кое постојано заборавате заради обврски, грижи и проблеми. Прашајте се кои сте во суштина, какви сте навистина, дали сте среќни и исполнети, што ви недостасува. Што треба да сторите за да го постигнете тоа. Ќе видите дека има тука многу неосветлени места, многу несредени мисли, неосвестени чувства, но и многу убави и светли агли кои чекаат допрва да бидат откриени. Ставете ги во архива старите и здодевни мисли, тешките и напорни чувства и отворете простор за нови нешта, за нови сензации од луѓе и ситуации кои ќе ве направат поискрена, повистинска и подобра верзија од себеси, вели тој и додава:
„Само промена на индивидуалната, може да придонесе за промена во колективната свест. Ако сте пак во друштво на најблиските, на оние кои ги сакате и кои ви значат, тогаш препуштете се на заедничките мигови поминати со нив, уживајте во бескрајните разговори и споделувањето на позитивни мисли и чувства. Грижете се за своето и за нивното здравје. И останете дома. Живи и здрави, чувајте се, вели актерот. В.Миленковска