Трамп ги менува правилата: Цените на автомобилите ќе бидат значително пониски – ММС
ММС

Објавено на: 04/1/20 2:10 PM

Трамп ги менува правилата: Цените на автомобилите ќе бидат значително пониски

Доналд Трамп соопшти дека семејствата ќе можат да купат побезбедни, поповолни и еколошки прифатливи автомобили со помош на новото правило за “Безбедни возила”.

Претседателот на САД им порача на граѓанитепрекуа Твитер “да се ослободат од старите и небезбедни возила” и “да прават подобри и побезбедни американски автомобили и да создаваат американски работни места”.

Администрацијата на претседателот на САД го олеснила еколошкото правило за корпоративни емисии на издувни гасови, донесено во времето кога Барак Обама беше претседател на државата.

Тоа правило предвидувало дека вкупната емисија на издувни гасови на ниво на производител се намалува за пет проценти годишно до 2025 година, а според новото правило, намалувањето на емисиите на ниво на една компанија сега ќе биде 1,5 проценти до 2026 година.

“Мојата администрација им помага на американските работници во автомобилската индустрија заменувајќи го неуспешното правило на Обама за емисија на гасови. Невозможно е да се удоволи Зелениот стандард. Многу непотребни и скапи казни за купувачите на автомобили”, истакна Трамп.

„Мојот предлог би ја намалил просечната цена на автомобилите за потрошувачите за повеќе од 3.500 долари, а во истовреме ќе ги направи автомобилите значително побезбедни. Моторите би работеле потивко, а тука е и позитивното влијание врз животната средина“, напиша претседателот на САД.

Извор: denar.mk