Ла Лига пред два дена најави дека клубовите од Примера и Сегунда ја разгледуваат опцијата првенствените натпревари да продолжат во јуни. Ова е само пилот-план без конкретни предлози (дали ќе се игра без публика, дали натпревари ќе се играат на секои два-три дена). Сигурно е само дека првенствата мора да продолжат за да бидат избегнати финансиските проблеми.
Шпанските медиуми пишуваат дека покрај едно вакво оптимистичко сценарио постои и уште едно, црно сценарио, кои никој не сака да се случи.
Каталонскиот „Спорт“ открива дека највисоките инстанци на шпанскиот фудбал веќе донеле одлука дека доколку Ла Лига не продолжи најдоцна до 27 јуни тога сезоната ќе биде прекината.
Во случај на вакво сценарио Ла Лига не открива како ќе биде одреден новиот шампион, кои тимови ќе испаднат од лигата, односно кои екипи ќе играат во европските купови.
Доколку Ла Лига продолжи натпреварите би се играле зад затворени врати.
Извор: denar.mk