Лидерот на фолк гупата „Молика“ од Битола, Џими Мицевски осуден е вчера на казна затвор од 2 години и 6 месеци. Основниот суд – Скопје 1 ја донесе првостепената и неправосилна пресуда за предметот на поранешното СЈО, под кодно име “Транспортер“. Џии беше обвинет за злоупотреби во ученичкиот превоз во Битола. Со пресудата Мицевски е должен да исплати дел од противправно стекнатата имотна корист од околу 1.000.000 денари. Мицевски има право на жалба до Апелационот суд – Скопје, а пресудата ќе биде извршена после правосилната одлука на Апелација. Изреволтиран од судската одлика Џими на својот Фејсбук профил објави свое видување околу, како што вели, срамната пресуда.
Џими со сопругата Анета, вокал во групата „Молика“
-Ова што сега го правам, го пишувам за честа и угледот, прво на моите деца а потоа на мојето семејство, на мојата сопруга, мојот славеј Анета Мицевска и групата „Молика“.Осудени сме сите обвинети и сите сме угледни и чесни граѓани на Битола кои предходно немале ниту една дамка во своето работење. Најодговорно тврдам дека со мојата фирма „Џими Турс“ немам наплатено ниту (1)еден скршен денар од тоа што беше пропишано со одлука на совет на Општина Битола а тоа го има со доказ во вештачењето од Бирото за судски вештачења, значи вештачење нарачано од СЈО, вели тој и додава:.
„Секако дека овде ова нема да застанам, со ова ке одам и до последниот суд овде во Македонија да си ја докажам мојата невиност. А доколку увидам како и што гледам дека сме жртви, колатерална штета, на две спротивставени страни, правдата ке ја барам и во Стразбур во Франција во мегународниот суд за човекови права. Само еден единствен денар ако се утврди со факти и докази дека јас сум зел повеке пари за извршената услуга, јас сум спремен да одговарам во секое време. Ова што се случува се вика играње со човечки судбини и ништо друго. Меѓутоа немојте да мислите дека ке ме скршите. Битката продолжува. Немојте да се чудите зошто ништо не оди овде и зошто ни бегаат младите. Да не даде Бод да ви стане јасно како на мене сега што ми станува јасно“, напиша Џими.
Фото: Фејсбук