Во врска со коронавируст од самиот почеток може да се прочитаат и слушнат низа шпекуации, „теории на заговор“, особено на социјалните мрежи. Меѓу другото и дека некој сака светот да го држи во паника и изолација, па зошто не се објават споредбени показатели за починатите, на пример, во Италија лани во овој период и сега за да се види дека наводно нема некоја разлика.
Италијански медиуми деновиве веќе објавуваат такви споредби и по градови. Милански „Ил журнале“ наведе дека, на пример, лани во Бергамо од 8 до 16 март починале 16, а годинава во истиот период дури 330 луѓе, пренесува „Слободна Далмација“.


