Руски авион со медицинска опрема полета за САД, соопштило денеска руското Министерство за одбрана. Портпарол на американската администрација за ТАСС рекол оти очекуваат авионот денеска да пристигне во САД.
Вчера портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, соопшти дека рускиот и американскиот претседател, Путин и Трамп, разговарале за можноста Русија да испрати медицински материјали за САД.


