Гутереш: Пандемијата на Ковид-19 е најголемата криза во светот од Втората светска војна – ММС
ММС

Објавено на: 04/1/20 6:32 AM

Гутереш: Пандемијата на Ковид-19 е најголемата криза во светот од Втората светска војна

 

Антонио Гутереш, генералниот секретар на ОН, синоќа предупреди дека светот се соочува со најголемата криза од Втората светска војна наваму, пандемијата која е закана за луѓето во секоја земја и која ќе предизвика рецесија каква што немало одамна

Гутереш во соопштението наведе дека постои ризик комбинацијата од болеста и нејзиното влијание врз економијата да придонесе на нестабилност, поголеми немири и засилени конфликти. Повика на посилен и поефикасен глобален одговор на пандемијата и на социјалните и економските последици.Истакува дека тоа ќе биде можно само ако сите се обединат и ги заборават политичките игри и ако сфатат дека „човештвото е нападнато“.

Гутереш најави и формирање фонд за одговор и опоравување од коронавирусот за поддршка на земјите со среден и низок БДП, со цел на тие влади да им се овозможи брзо да се изборат со кризата и да застант на нозе.