Антонио Гутереш, генералниот секретар на ОН, синоќа предупреди дека светот се соочува со најголемата криза од Втората светска војна наваму, пандемијата која е закана за луѓето во секоја земја и која ќе предизвика рецесија каква што немало одамна
Гутереш во соопштението наведе дека постои ризик комбинацијата од болеста и нејзиното влијание врз економијата да придонесе на нестабилност, поголеми немири и засилени конфликти. Повика на посилен и поефикасен глобален одговор на пандемијата и на социјалните и економските последици.Истакува дека тоа ќе биде можно само ако сите се обединат и ги заборават политичките игри и ако сфатат дека „човештвото е нападнато“.
Гутереш најави и формирање фонд за одговор и опоравување од коронавирусот за поддршка на земјите со среден и низок БДП, со цел на тие влади да им се овозможи брзо да се изборат со кризата и да застант на нозе.


