Според синоќешните податоци, заболени во светот од Ковид-19 има повеќе од 850.000, околу 180.000 се излекувани, а починале 42.000. Најмногу регистрирани заболени има во САД – повеќе од 160.000, а таму се починати околу 3.500, исто како и во Франција, во која до вчера имаше 52.000 заразени.
Во Италија опаѓа бројот на новопријавени заболени, чиј вкупен број до вчера надмина 105.000, од кои починати се околу 12.500, заедно со вчерашните 837. Во Шпанија за 24 часа починаа 12 луѓе повеќе отколку во Италија.
Пораст на заболените има и во балканските земји, а Србија вчера имаше најцрн ден – бројот на заразените се зголеми на 900, а на починатите на 23. Во Македонија бројот на заболените достигна до 329, од кои излекувани се 12, а починаа деветмина.


