Под влијание на влажен и студен воздушен бран, денеска ќе има врнежи од дожд и снег, а снежна покривка, освен на планините, ќе се формира и во повеќе пониски места. Максималната температура треба да достигне само до шест степени. Од утре ќе настапи стабилизација со благ пораст на температурите.



