Едноставен тест на крвта може да провери над 50 видови на карцином, најчесто бпред било какви знаци и симптом, тврдат научниците. Стручњаците се надеваат дека тест може да помогне во рано дијагностицирање на туморот, кога е помалку агресивен и кога полесно се лечи. Тестот веќе имал ограничена употреба на клиничките испитувања. Меѓутоа, пред да почне овој тест да се користи рутински, потребно е да се видат резултатите од клиничките студија за да потполно се разберат неговите перформанси.
Над 99 одсто од позитивните резултати се точни, велат стручњаци, но најважно е да се провери дали тестовите пропуштаат случаи и даваат лажно уверување. Во тестот се бараат хемиски промени на делови од генетскиот код -ДНК без ќелии – кои продираат од туморот во крвотокот. Истражувачи од Институтот Дана-Фарбер и Харвардската медицинска школа работејќи со колегите од Англија од Институтот Францис Крик и Универзитетот во Лондон тестирале над 4.000 пациенти – некои заболени од рака и некои здрави. Во 96 одсто од примероците тестот точно го открил типот на рак.
Еден од главните истражувачи, проф. Геоф Окснард рекол дека овој тест ги има сите карактеристики што се потребни за користење на голем дел од населението, како тест за откривање на повеќе видови рак. Др. Давид Крозби од Англија рекол дека откривањето на карцином во раната фаза, кога се уште се лечи, има огромен потенцијал да спаси животи и дека се потребни технолошки иновации да се претвори во реалност.
Сепак, потребно е уште да се истражува за да се подобри способноста на тестот да го открие карциномот во најраната фаза, како и можност на функционирање во реално сценарио за откривање на ракот.
Извор: mondo.rs
Фото: pogled.ba