Кејн најскап фудбалер на светот – ММС
ММС

Објавено на: 06/4/18 12:26 PM

Кејн најскап фудбалер на светот

Голгетерот на Тотенхем, Хари Кејн со 201,2 милиони евра во моментов е најскапиот фудбалер на светот – покажува анкетата на фудбалската опсерваторија на Меѓународниот центар за спорт студии (CIES). Организација од Нојшател вредноста на играчите ја одредува според клубот, лигата, годините, репрезентацијата и договорот со клубот.

Кејн се наоѓа на врвот, пред тандемот на Пари Сен Жермен, Нејмар и Килијан Мбапе кои се проценети на 197,5 и 186, 5 милиони евра.

На четвртото место на оваа листа е Лионел Меси со 184,2 милиони евра, а него е Мохамед Салах од Ливерпул (171,3). По нив следуваат Деле Али од Тотенхем (171), Кевин Де Бруин од Манчестер Сити (167,2), Антоан Гризман од Атлетико Мадрид,…

Изненадување е пласманот на Кристијано Роналдо, официјално најдобриот играч во светот. Португалецот од Реал Мадрид е на 24. место со проценета од „само“ 103.4 милиони евра.