На социјалната мрежа Фејсбук група од неколку стотина членови на групата „Мајки на трудничко“, основана за сите мајки на кои им истекува породилното отсуство, бара продолжение на отсуството. Тие пишуваат, дека поради настанатата ситуација со коронавирусот не се во можност да ги остават нивните бебиња и да тргнат на работа.
Групата упатува барање до Владата на Македонија:
„Со оглед на сериозноста на пандемијата која го зафати светот, а и нашата земја, во услови кога градинките не работат, а и ризично е воопшто мајка која оди секојдневно на работа во работното време да се грижи за мало бебе, повикуваме на разбирање за нивната ситуација.“
Мајки кои се уште се во породилно отсуство, а кое треба да заврши во ден на вонредна состојба, во услови кога голем број работодавачи не дозволуваат користење годишен одмор, а боледувањето не е трајно решение, бараат од Владата да им се продолжи породилното отсуство додека трае вонредната состојба, односно негово времетраење од барем 12 месеци.