Видео: Федерер одржува форма на снег – ММС
ММС

Објавено на: 03/31/20 1:55 PM

Видео: Федерер одржува форма на снег

Тенисерот Роџер Федерер ја поддржа иницијативата „Тенис дома“, која се роди сред пандемијата на корона вирусот, па со видео покажа како останува во форма додека трае прекинот на тениската сезона.

Брзо откако се појави веста за можното откажување на неговиот омилен турнир, Вимблдон, Федерер на социјалните мрежи сподели видео на кое вежба трикови на снег, во неговиот дом.

„Да бидам сигурен дека нема да заборавам како да играм трик-удари“ – напиша Федерер од швајцарска територија.

Фото: welovetennis.fr