Кога ќе порасне побарувачката за нафта? – ММС
ММС

Објавено на: 03/31/20 1:25 PM

Кога ќе порасне побарувачката за нафта?

Зголемување на побарувачката за нафта може да се очекува уште кон крајот на април, кога дел од ограничувањето поради коронавирусот ќе биде укинато.

Сепак, не треба да се исклучува и некое попесимистичко сценарио, изјави главниот макроекономист и шеф на оделението за перспективни истражувања на Next Geration во швајцарската банка Julius Baer, Норберт Рикер.

„Глобалната побарувачка за нафта минатата недела падна повеќе од 10 проценти во однос на нивото од пред пандемијата“, истакна Рикер.

Според швајцарскиот стручњак, сите мерки кои се поврзани со изолацијата како начин за борба против пандемијата COVID-19, имаат шокантно влијание врз економијата и побарувачката за нафта.

Како што истакна, поради што најголеми загуби ќе претрпи воздушниот сообраќај.

Покрај тоа, Рикер тврди, преминувањето на граѓаните да работат од дома, и генерално, упатствата за останување во домовите, доведуваат до значително намалување на патниот сообраќај.

“Падот на производството во Кина во февруари делумно покажува како може да се развие ситуацијата во западните земји. Сепак, пандемијата е настан без преседан и затоа е висок степенот на неизвесност од понатамошните случувања”, заклучи швајцарскиот стручњак.

Потсетуваме, Светската здравствена организација на 11 март ја објави епидемијата на новата коронавирусна инфекција COVID-19 за пандемија.

Според најновите податоци, во светот до денес од коронавирус се разболеле повеќе од 720.000 луѓе, додека 33.986 починале. Се опоравиле над 150.000 луѓе.

Извор: denar.mk