Строго чувана тајна: Шума во која се собираат богати, моќни и славни мажи и …го прават она што го прават – ММС
ММС

Објавено на: 06/4/18 12:13 PM

Строго чувана тајна: Шума во која се собираат богати, моќни и славни мажи и …го прават она што го прават

Боемската шума е особено позната по проектот Менхетн, кој е договорен токму тука во 1942 година и кој на крајот довел до создавање на атомската бомба

Боемската шума служи како место за кампирање на најбогатите и највлијателните луѓе на светот, кои се членови на ексклузивниот елитен Боемски клуб.

Шумата се наоѓа во округот Сонома во Калифорнија, на приватно земјиште кое е во сопственост на Боемскиот клуб.

За време на поголемиот дел од годината, рустичните колиби сместени меѓу прастарите секвои се празни, но во текот на две недели во јули во нив се населуваат богати и моќни мажи. Точно, исклучиво мажи, оти жени не можат да станат членки на овој клуб освен ако не добијат почесна покана, но ни во тој случај не смеат да одат во Боемската шума.

Што прават мажите таму за сајтот “Се што е интересно” открива еден од поранешните гости на Боемската шума, кој сакал да остане анонимен. Како што рекол тој, ова им е можност на моќниците да се опуштат и буквално да се однесуваат како “здивени студенти”.

-Агендата е таква што луѓето таму се опиваат до бесвест, до таа мерка што секој нормален човек веднаш би повикал брза помош, вели изворот.

Од 1878 година членовите на Боемскиот клуб со седиште во Сан Франциско, секоја година заминуваат за Боемската шума.
Логото на Боемскиот клуб

Многумина од оние кои присуствуваат – сите мажи, повеќето белци – се добро познати. Тука има припадници на семејствата како Рокфелер, Рузвелт, Морган и Буш.

Сите тие припаѓаат на слично општествено милје. Родени се богати или сами стекнале богатство. Генерално, имаат конзервативна политичка припадност. Секој американски републикански претседател уште од времето на Кулиџ присуствувал на собирите во Боемската шума заедно со раководителите на некои од најбогатите компании.

На овие собири редовно се канат и уметници. Марк Твен бил еден од членовите, како и Бинг Крозби.

Поранешниот гостин изјавил дека просечното време на списокот на чекање за влез во клубот е меѓу 20 и 30 години, иако тоа е побрзо ако свирите некој инструмент.

-Многу е рустично. Тука има повеќе кампови кои собираат по 20 до 50 луѓе. Секој камп има различни колиби и клубови. Сите се наоѓаат покрај главниот пат, рекол поранешниот гостин.

Како што раскажал, за забава се организираат различни музички перформанси, а понекогаш некој држи говори или предавања.

-Голем дел од членовите се професионални музичари, глумци, уметници, така што добрата забава е гарантирана, рекол тој.

Секако, постојат и различни теории за тоа дека таму се спроведуваат некакви тајни мрачни ритуали.

Иако непишано правило е присутните да не ја мешаат работата со задоволството, сепак тука се случуваат и важни политички или деловни договори.

Боемската шума е особено позната по проектот Менхетн, кој е договорен токму тука во 1942 година и кој на крајот довел до создавање на атомската бомба. Тогаш биле присутни американскиот физичар кој работел на развивањето на атомска бомба Ернст Лоренс, бројни политички и воени функционери, претседателот на Универзитетот Харвард и претставници на Стандард Оил и Џенерал електрик.

Исто така, на ова место во 1967 година Ричард Никсон и Роналд Реган се договориле дека Реган нема да му конкурира на Никсон на изборите за републикански кандидат за претседателските избори.

Сепак, за повеќето работи кои се случуваат во таа шума не се знае. Многу новинари кои се обиделе да се прикрадат до Боемската шума завршиле в затвор поради незаконско влегување на туѓ имот.