Американскиот милијардер со унгарско потекло, Џорџ Сорос учествувал на Фестивалот за економија во италијанскиот град Тренто, каде јавно прашал дали претседателот на Русија, Владимир Путин ја финансира “Лига”, антиимигрантската партија под водство на Матео Салвини, која со популистичкото “Движење пет ѕвезди” ја сочинува новоформираната владејачка коалиција во Италија.
“Италијанското јавно мислење има право да знае дали Салвини е на платниот список на Путин”, рекол Сорос, пренесува “Corriere dala Serra”.
Весникот пишува дека не се чекало долго на одговор на италијанскиот вицепремиер и министер за внатрешни работи.
“Никогаш не сме примиле ни лира, но евро, ни рубља од Русија, Путин го сметам за еден од најдобрите државници и срам ми е поради фактот што еден бескрупулозен шпекулант, каков што е господин Сорос, добива повик да дојде во Италија да зборува”, рекол Салвини.
Весникот наведува дека Сорос во текот на обраќањето во Тренто рекол дека е многу загрижен поради блискоста на новата италијанска влада со Русија.
Дневникот потсетува дека партиите кои ја поддржуваат новата влада побарале укинување на санкциите кои ЕУ и ги вовела на Москва.
Сорос навел дека Путин “настојува да доминира со Европа”.
“Не сака да ја уништи, туку да ја искористи затоа што има производен капацитет, додека руската економија под Путин може само да искористува примарни сировини и луѓе”, рекол Сорос.