Пласидо Доминго итно пренесен во болница – ММС
ММС

Објавено на: 03/30/20 2:57 PM

Пласидо Доминго итно пренесен во болница

Светски славниот оперски пејач Пласидо Доминго, бил итно хоспиализиран, поради влошување на неговата здравствена состојба, една седмица откако се утврди дека у позитивен на коронавирус.
Светските медиуми јавуваат дека тој бил на домашно лекување, во одморалиште лоцирано во Акапулко, но поради влошената состојба, морало да биде итно пренесен во болница поради потреба од медицински надзор.

Портпаролот на Доминго вели дека тој во моментов е во стабилна здравствена состојба.
Инаку оперскиот пејач неодмна сподели на социјалните мрежи дека боледува од вирусот, а првите симптоми ги забележал пред повеќе од две седмици, два дена по пристигнувањето во Мексико, каде до неодамна престојуваше.

ФОТО: placidodomingo.com