Американскиот амбасадор призна: Се капев во студената вода за да се докажам пред Путин – ММС
ММС

Објавено на: 06/4/18 11:59 AM

Американскиот амбасадор призна: Се капев во студената вода за да се докажам пред Путин

Американскиот Амбасадор во Русија, Џон Хантсман објавил дека за „Богојавление“ се капел во ледената вода за да се натпреварува со Путин.

Имено Хантсман влегол во студената вода во близина на Новоерусалимскиот машки манастир во близина на Москва, зошто тоа му овозможило подобро да се запознае со Путин и руската култура.

„Додека влегувате у таква студена вода губите контрола над мускулите и респираторните сетила. Сакав три пати да влезам во водата, зошто така и Путин направи, сакав да докажам дека сум способен да го изведам ритуалот како што доликува. Новинарите кои го следеа тоа, пишуваа дека се било како што треба“ кажал Хантсман.

Путин секоја година се капе во ледената вода во близина на манастирот во Москва.