Пукање во Сан Диего на рокенрол маратон – ММС
ММС

Објавено на: 06/4/18 11:55 AM

Пукање во Сан Диего на рокенрол маратон

Една жена синоќа отвори оган за време на рокенрол маратон во градот Сан Диего во јужниот дел на американската сојузна држава Калифорнија.

При инцидентот нема повредени, а маратонот набрзо продолжил.

Полицијата успеа да ја уапси жената, при што е ранет еден полицаец, кој се самоповредил со истрел во раката откако пукал кон осомничената, но не ја погодил. Како што соопшти шефот на локалната полиција, ранетиот полицаец е пренесен в болница.

Жената била уапсена откако била пронајден како се крие под еден автомобил на најгорниот кат на една катна гаража во близина на местото на концертот.

Како што јавија американските медиуми, инцидентот се случил околу 11 часот по локално време (20 часот по средноевропско време) за време на рокенрол музички маратон.

Организаторите на настанот соопштија дека инцидентот не бил поврзан со маратонот. Во време на инцидентот на концертот присуствувале околу 4.800 лица. Маратонот продолжил 11 минути по истрелите, откако било утврдено дека нема опасност по присутните.