Црна Гора од НАТО, преку неговиот Центар за координација и одговор на катастрофи, побарала помош во борбата против проширувањето на коронавирусот, пишуваат црногорски медиуми.
Црногорците сакаат да обезбедат 320 респиратори, 20 бронхоскопи, 40 ларингоскопи, 5,6 милиони хируршки маски, 500 илјади маски со П-2 и П-3 филтри, 6,5 милиони ракавици, 250.000 наочари и визири.


