Kовид-19 совлада и српски владика – ММС
ММС

Објавено на: 03/30/20 10:22 AM

Kовид-19 совлада и српски владика

Епископот на Ваљевската епархија на Српската православна црква, Милутин, почина од последици на коронавирусот во 79. година од животот, јавуваат српските медиуми.

Тој со уште двајца свештеници во Ваљевската епархија, биле заразени од коронавирус и минатата недела хоспитализирани на Инфективната клиника во Белград.

Од Ваљевска епархија информирааат дека епископот ги презел сите мерки на заштита, престанал да оди по куќи за осветување на домовите пред Велигден и бил во некој вид самоизолација.