Гренланд ја забрани продажбата на алкохол во главниот град и во други места во екот на епидемијата на коронавирус за да ги заштити децата и младите од евентуални психички, физички и сексуални напади во домовите од родителите. Забранети се пијалаците што содржат повеќе од 2,25 отсто алкохол. Минатиот понеделник беа затворени и училиштата, откако на студениот остров биле регистрирани десетмина заболени од корона, но бил забележан и пораст на насилството.
Гренланд официјално е автономна територија на Данска. Неодамна го потресе скандал кога излегоа податоци дека еден од тројца тамошни жители во детството доживеал сексуално насилство, кое главно се поврзува со алкохолот, дрогата и непознавањето на детските права.
Пораст на сексуалното насилство за време на карантинот е забележан и во Кина, а и во некои европски земји.