Посна и брза Корона торта – ММС
ММС

Објавено на: 08/26/20 9:33 AM

Посна и брза Корона торта

Домакинките кои не ги бива многу по правењето торти еве една идеја  која нема многу да ве измачи бидејќи се подготвува многу лесно и за  неколку минути. Освен тоа убавото е што е многу вкусна и е невозможно да згрешите, бидејќи не се пече. Ви треба само волја и време а времето во моментов на самоизолација го имаме колку сакаме.

Потребно е 250 грама посен маргарин, 200 грама шеќер во прав, 600 грама мелени бисквити, 200 милилитри сок од портокал. Изматете ги маргаринот и шеќерот додека не се направи пена,  додадете ги бисквитите и сокот и добро измешајте. Тортата е готова. Оваа торта можете да ја обликувате по ваш вкус затоа што е густа и од неа можете да направите различни форми. Да се чува во фрижидер за да се стегне, барем еден час. Тортата можете да ја збогатите со најразлични преливи, овошје или колачи.  По желба, во филот можете да додадете исецкани гумени бомбони, парчиња ресана колачи, наполитанки и слично. Можете да додадете малку замрзнато овошје по ваш избор, а тортата можете да ја украсите со посен шлаг или посно чоколадо.