Ковид 19: Кина вчера прогласи крај на епидемијата, во Европа и во САД вирусот не стивнува – ММС
ММС

Објавено на: 03/30/20 6:07 AM

Ковид 19: Кина вчера прогласи крај на епидемијата, во Европа и во САД вирусот не стивнува

Кина вчера и официјално прогласи крај на епидемијата на коронавирус во таа земја, иако за враќање во нормален живот ќе треба време. Во Европа и во САД, пак, вирусот не стивнува. Вкупно во светот се заразени околу 700.000 луѓе, а досега се излекувани 150.000.

Во САД до вчера се регистрирани околу 130.000 заболени( речиси половината во сојузната држава Њујорк) и повеќе од 2.000 починати. Во Италија бројот на инфицирани се зголеми на речиси 100.000, од кои, со вчерашните 756, бројот на починатите се зголеми на 11.000. Шпанија има околу 80.000 заразени и 6.600 починати, Франција – 40.000 заразени и 2.600 починати…

Умерено зголемување на бројките има и во балканските земји. Тие во Македонија до вчера достигнаа до 259 заразени и шестмина починати, во Црна Гора – 85 заразени и двајца починати, во Косово – 94 заразени и еден починат, во Хрватска – 713 заразени и шестмина починати, во Србија – 741 заразени и 13 починати, во Бугарија – 346 заразени и осуммина починати, во Грција – 1.060 заразени и 32 починати…