#Седидома: Еј, стоп малку, време е за човечност, сочувство и грижа, вели Вера, вокалот на групата „Љубојна“ – ММС
ММС

Објавено на: 03/30/20 8:00 AM

#Седидома: Еј, стоп малку, време е за човечност, сочувство и грижа, вели Вера, вокалот на групата „Љубојна“

Вера Милошевска – Јосифовска, пејачка на групата „Љубојна“ седењерто дома го користи за многу работи, за кои досега нема време, но најважно од се, вели таа, го користи за сакање. Обврските и настапите тоа не го дозволуваат на сите од нејзината професија, па и на неа. Но, сега има време во изобилство да се посвети на се што изминатиов период запоставувала.

-Секоја ука има поука, па и ова искушение Ковид-19, пред кое што светот, за прв пат во поновата историја на човештвото, се исправи и одеднаш застана. Искуство кое сме го немале досега, но кое, покрај глобалното човечко страдање и жртвите ширум планетава, како да не поучува и ни вели: “Еј, стоп малку! Време е за човечност, сочувство и грижа!”, вели Вера и додава:

Вера со соругот и колега Оливер Јосифовски

„Па во услови на самоизолација, кога никаде не брзам и никаде не морам, конечно имам време за моите најблиски! За секојдневни семејни ручеци, за слушање музика, за нови песни, непрочитани книги, неизгледани филмови, за мојот магистерски труд кој веќе подолго време чека на мене, но и за катчето што не сум го “пипнала” со месеци.  И што е најважно за семејно вежбање, како да не се лутиш на “Не лути се човече”.

За сите оние на кои тешко им паѓа седењето дома, таа има своја порака, која значи дека најубавото нешто од седењето дома е сакањето и грижата за децата.

-Особено многу зборуваме со децата за тоа што се случува и како треба да внимаваме, да се пазиме и тимски да ја одржуваме хигиената и мерките за заштита од овој силен вирус. А најбезбедно е се разбира, седењето дома! И затоа драги мои, и дома и вам најискрено порачувам: #СедетеДома, грижете се за сите околу вас, бидејќи време е за сакање, вели Вера.

Фото: Фејсбук