Париската полиција во акција за отстранување бегалски кампови – ММС
ММС

Објавено на: 06/4/18 11:45 AM

Париската полиција во акција за отстранување бегалски кампови

Француската полиција денеска почна со отстранување два илегални бегалски кампа во североисточниот дел на Париз. Според соопштението, станува збор за кампови што се наоѓаат кај каналите Сен Мартен и Порт де Пуасонија, пренесува „Ројтерс“.

Минатата недела властите во Париз отстранија логор со 1.000 мигранти, кои подоцна беа префрлени во прифатни центри.

Од 2015 година Европа се соочува со голем наплив на мигранти од Блискиот Исток, а во Франција повеќето од нив завршуваа на пристаништето Кале во северниот дел на земјата, каде што во 2016 година беа отстранети најголемите кампови.

Во моментот повеќето мигранти се собираат во Париз и на југот од земјата, во близина на границата со Италија.