Врховното верско тело во Авганистан денеска издаде наредба во која се наведува дека самоубиствените напади се забранети по шеријатскиот закон.
Советот на авганистанските улеми, во кој се влегуваат муслиманските свештеници, научници и луѓе со авторитет во религијата и правото, издадоа фатва во Кабул, каде што присуствуваа повеќе од 2.000 членови на Советот.
Тие ги повикаа и владините сили и талибанците, но и други екстремисти да се откажат од борбата и да договорат прекин на огнот. Исто така, улемите повикаа и на мировни преговори од двете страни.
Ова е прв пат Советот да упати ваков повик.
Членот на Советот, Голфранулах Мурад ја прочита пишаната изјава од состанокот во која е наведено дека невини авганистански мажи, жени и деца се жртви на војната.