#Седидома: Пресадувам лански цвеќиња, ја сфатив вредноста на тераса во стан, вели Дани Димитровска – ММС
ММС

Објавено на: 03/29/20 9:49 AM

#Седидома: Пресадувам лански цвеќиња, ја сфатив вредноста на тераса во стан, вели Дани Димитровска

Да се седи дома и не е така лоша идеја, само ако тоа не е поради самоизолација, кога е измешано чувството на лудост и задоволство.  Пејачката Дани Димитровкса се нервира толку колку што и сите ние а времето го поминува со молив, лист и цвеќињата на тераса.

-Мислам дека самодосциплината ќе не однесе подалеку од било кој мотивационен говор или паметување.  Се изначитавме од прашања и одговори со предлози за што да правиме со себе и со времево на претек. Верувам дека секој најдобро знае што му е забавно за дистракција од себе соочување… за што побрзо поминување на време. Во сите тие деноноќни занимации посакувам барем на кратко да се замислиме за нашето делување вон вакви услови, за тоа кај грешиме, за промени во однесувањето, за подобри Ние, за замреното човекољубие и што сме научени да сакаме а за што сме вистински создадени. Тоа за мене чинам е одлично занимавање со себе за сечие добро. А јас  седам дома како и сите. Се шамарам со све ова погоре, користам лист и молив за промена, запишувајќи се она што ми прелетува низ глава. Имам моменти на лудост, пресадувам лански цвеќиња и ја сфатив вредноста на тераса во еден стан, вели таа и додава:

-Ќе преживееме другари но да извлечеме лекција од овој хаос за човекољубието, солидарноста и единството.