Родителите деновиве се соочуваат со нови стресни ситуации. Сите се во самоизолација и се обидуваат да ја одржат хигиената на целото семејство, на чело со децата. А две работи се најважни за да се спасите од Ковид-19- самоизолација и редовно миење на рацете.
Првит дел е решен, сите сме во самоизолација, но како родителите да ги натераат децата да мијат раце. Сите родители се соочуваат со овој проблем. Затоа авторите на популарната детска песна „Бејби шарк“ направиле нова, прилагодена верзија, која би можела да ви помогне да им ја објасните на децата важноста на миењето раце и да ги охрабрите тоа почесто да го прават.
Песната дава детално упатство за тоа како ефективно да се мијат рацете и да се спречи можноста на ширењето на вирусот, со добро познатиот рефрен. Оваа песничка советува и дека треба да се кашла во лакт и да се кива со покриена уста.
Еве ви ја песничката за спас на вашите деца:
Извор:24sata.hr
Фото:wric.com


