Ким Џонг-ун прави чистка на највисоките позиции во војската – ММС
ММС

Објавено на: 06/4/18 11:36 AM

Ким Џонг-ун прави чистка на највисоките позиции во војската

Неименуван американски официјален претставник потврди дека главните тројца воени претставници на Северна Кореја се сменети од нивните позиции, објави „Ројтерс“.

Зошто лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун, ги сменил највисоките воени лица засега засега не е јасно, но аналитичарите веруваат дека потегот ќе му овозможи да ја раздвижи неговата владејачката партија во клучен момент за меѓународните односи и домашниот развој на Северна Кореја.

„Ако Ким Џонг-ун сака да оствари мир со САД и Јужна Кореја и да се ослободи барем од дел од нуклеарната програма, ќе мора да го задржи влијанието врз војската“, изјавил директорот на групата за меѓународни односи, Кен Гас, за „Ројтерс“.

Инаку, средбата на американскиот претседател Доналд Трамп и Ким е закажана за 12 јуни во Сингапур.