Ерупција на вулкан во Гватемала – 25 мртви, има повредени и исчезнати – ММС
ММС

Објавено на: 06/4/18 11:33 AM

Ерупција на вулкан во Гватемала – 25 мртви, има повредени и исчезнати

По ерупцијата на вулканот на Хаваи, нова природна катастрофа го тресе светот – викендов еруптираше вулканот Фуего во Гватемала. Агенцијата за прирони катастрофи во земјата соопшти дека има 25 настрадани и неколку десетици повредени и исчезнати.

Поради ерупцијата на вулканот кој исфрла црн чад и пепел кон небото, евакуирани се околу 100 локални жители, а меѓународниот аеродром во главниот град ја затвори единствената писта со која располага.

Управата за цивилно воздухопловство соопшти дека пистата е затворена поради вулканската пепел за да се загарантира безбедноста на патниците и авионите.

Вулканот Фуего се наоѓа на околу 40 километри југозападно од главниот град Гватемала Сити.