Во многу земји низ светот затворите се полни, со лоши услови во нив, без соодветна медицинска грижа. Пред 15-ина дена повеќе европски здруженија за човекови права се обратија до Советот на Европа и до СЗО поради коронавирусот да се испутштат од затворите дел од осудениците, бидеји во тие услови заразата може брзо да се прошири и да ги загрози животите на луѓето. Некои земји тоа веќе го прават. Едни почнаа деновиве, други уште претходниот месец.
Затворот во Њујорк деновиве ослободи 79 осуденици, откако се заразеија 29 осуденици и 17 чувари. И во други затвори во САД почнале „отпуштања“, засега на тие со помали казни. Со таа мерка не се опфатени осудените за убиства, силувачи, педофили. Во Клифорнија веќе се пуштени 1.700 осуденици, но социјалните служби предупредуваат дека добар ден од нив немаат постојано живеалиште, па ќе бидат препуштени на улицата, а со тоа и на висок ризик од зараза.
Во Велика Британија е најавено пуштање на оние на кои наскоро им завршуваат казните и на осудениците со над 70 години. Кралот на Бахреин од затвор пушти 901 осуденик, од кои околу 300 биле полититички. Во Иран, замја во која состојбата со коронавирусот ескалира, ослободени биле дури 85.000 осуденици, од кои една третина политички. Израел од затворите во домашен притвор пушти 500 осуденици. Во Германија ослободени се околу 1.000 осуденици, главно со пониски казни, а во Северна Рајна Вествалија цел затвор е целосно испразнет и ќе се користи како карантин за заболени граѓани.


