#Седидома: Ако продолжи вака, вагата нема да не издржи- Росана во самоизолација чисти, готви, чита и им пее на Ноах и Лејди – ММС
ММС

Објавено на: 03/28/20 9:30 AM

#Седидома: Ако продолжи вака, вагата нема да не издржи- Росана во самоизолација чисти, готви, чита и им пее на Ноах и Лејди

Пејачката Росана ја почитува забраната за движење и вели дека е во самоизолација. Таа е дома со сопругот Трупче, внучето Ноах, миленичката Лејди и понекогаш ќерка им и зет им, кога ќе им дојдат на ручек. Во ова време на пандемија, вели таа, сите се многу  загрижена, а „ лично јас сум многу уплашена“.

Седиме по дома и се гушкаме, Росана и Лејди

-Дома сме, строго слушаме и се придружуваме на правилата од здравствените работници.  Доколку сите бидеме совесни, мислам дека побрзо ќе се справиме со Корона. А јас како жена секогаш ќе си најдам  нешто за да си го пополнам времето.  Најмногу читам книги, можам да кажам дека имам скоро се прочитано од „Култура“. Домот ми е, што би рекле- цакум пакум,  не дека и претходно не ми бил ама сега забележувам се што претходно не сум видела низ дома. Сега не брзам никаде. Сега  со Трупче и имаме време да му обрнеме повеќе внимание на нашето сонце, внучето Ноах и сите слатко да се смееме за сите нови нешта што ги учи. Тука е и нашата миленичка Лејди, на која и е чудно, како тоа и двајцата со Трупче сме дома. Со, него, пак, готвиме и двајцата, иако морам да признам дека јас повеќе готвам. Но, не е проблем готвењето, ми е страв вака ако продолжи  вагата нема да не издржи. Одев на работа преку еден ден, но заради Корона нема да работиме. И сега ете седиме дома, вели Росана и додава:

„Почитувани, останете дома заради вашата заштита и заштитата на сите нас“. (В.М.)