Не запира бранот на граѓани кои речиси секојдневно се упатуваат кон соседна Бугарија .Борбата за подобро утре, солидна животна егзистенција и поголеми плати достојни за нормален живот се дел од причините поради кои се повеќе Македонци посегнуваат по бугарскиот пасош.
Повеќе од 10 000 Македонци аплицирале за бугарско државјанство, Овие потадоци ги соопшти бугарската министерка за правда, Цецка Цачева.Според извештајот во последната година вкупно биле поднесени 17 792 барања за бугарско државјанство кои во најголем дел биле поднесувани од страна на Македонци. Потоа следуваат барањата од државјани на Србија, Молдавија, Турција, Албанија, Израел и Русија.
Неофицијалните податоци велат дека 100 до 150.000 македонски граѓани добиле бугарски пасош а на овој чекор се одлучуваат и млади и стари, и студенти и печалбари , невработени и вработени кои својата иднина не ја гледаат во земјава во која признале или не тешко е да се преживее со 200 евра плата.
Исклучок не се ниту лекарите и административците од внатрешноста кои одлучиле да извадат пасош за да можат да заминат во земја каде нивниот труд ќе биде повеќе ценет и награден.
Источниот регион засега е број еден за бугарски пасоши, а рекордер е најисточниот град кој граничи токму со Бугарија – Делчево каде 70% од жителите веќе имаат двојно државјанство.
Најбројни се печалбарите од овој град кои заминуваат на сезонска работа во Италија, Швајцарија, Германија или Словенија а по нив се студентите кои годинава го испразнија градот и заминаа во Германија. Побарувачката за бугарски пасоши е голема и кај беровчани, струмичани, битолчани и охриѓани.
Посредници за бугарски пасош може да се најдат претежно во истокот а ние во оваа статија ќе ви ја откриеме најголемата јавна тајна!
Која е процедурата за вадење на бугарски пасош?
За да започнете процедура за вадење на БУГАРСКО ГРАЃАНСТВО потребно е најпрво да закажете термин за прием до ,,ДРЖАВНАТА АГЕНЦИЈА ЗА БУГАРИТЕ ВО ЧУЖБИНА(ТУЃИНА) на ФОРМУЛАР (ОБРАЗЕЦ) за издавање на удостоверение за бугарски происход адресиран: ДО ПРЕДСЕДАТЕЛОТ НА ДРЖАВНАТА АГЕНЦИЈА ЗА БУГАРИТЕ ВО ЧУЖБИНА (ТУЃИНА), напишан на бугарски јазик (писмо).
Дополнителни документи кои ви се потребни се:
1.Извод од матична книга на родени
2.Копија од Пасош
3.Декларација (ОБРАЗЕЦ) за бугарско самосознание, заверена на нотар во Република Бугарија
Имено повеќе од 10 000 Македонци аплицирале за бугарско државјанство, пренесува бугарската новинска агенција БТА.
Овие потадоци ги изнела бугарската министерка за правда, Цецка Цачева, која одговарала на пратенички прашања во бугарскиот парламент.
Таа рекла дека во последната година вкупно биле поднесени 17 792 барања за бугарско државјанство кои во најголем дел биле поднесувани од страна на Македонци. Потоа следуваат барањата од државјани на Србија, Молдавија, Турција, Албанија, Израел и Русија.
Министерката истакнала и дека биле разгледани вкупно 16 313 барања, а државјанство било доделено во 9 848 случаи.